Нашата приказна

Започнавме скромно, со многу ентузијазам и искрена посветеност, на нашите потрошувачи да им го понудиме најдобриот производ.

Секогаш не движи мотивот да одиме напред! Инвестираме во технологијата на производство и ги применуваме најсовремените правила за производство по највисоки стандарди. Континуирано истражуваме и развиваме производи кои ќе ги задоволат потребите и на најпребирливите потрошувачи.

Свесни сме за динамиката на денешното живеење и нашата истражувачка лабораторија цели кон тоа да создаде производи кои би го подобриле квалитетот на живеење на современиот потрошувач.

И успеавме! Создадовме ферментиран млечен производ БенеФит кој покрај совршениот вкус нуди и поддршка за секојдневно унапредување на состојбата на Вашиот организам.

Ние се стремиме да ја подобриме храната и здравјето. Тоа е нашиот основниот концепт во развојот на нов производ. Создадовме здрав производ кој користи само млеко и култури кои ги задоволуваат модерните потреби на потрошувачите.

Урбано живеење

Денес, повеќе од милијарда жители на планетата консумираат млечни производи. Технолошкиот и иновациски бум ја наметна потребата од развивање на млечни производи кои ќе ги надополнат секојдневните потреби на современиот човек. Перспективите се идентификуваат во употребата на пробиотски бактерии во составот на производот. Зошто? Затоа што пробиотиците покажуваат бројни позитивни ефекти кои во значителна мера го унапредуваат секојдневното живеење.

Консумирањето на ферментираниот јогурт нуди бројни предности за потрошувачите:

  • Богат вкус
  • Дополнителна енергија и свежина
  • Полесна дигестија
  • Внес на пробиотски бактерии и метаболити

Лесни за консумирање, ферментираните производи се одличен избор за консумирање во текот на целиот ден.

Бидете фит!

Направени се повеќе истражувања во однос на тоа кој тип на исхрана која редовно се консумира ќе придонесе телото да ја одржи виталноста. Постојат резултати кои ги објавува стручното списание Обесити, за истражување направено во текот на четири недели во кое се вклучени 20 мажи на возраст од 18 до 30 години. Сите испитаници имале високак процент на масна исхрана и најниско зголемување на телесната маса е забележано кај учесниците во студијата кои паралелно вклучиле и пробиотици во набљудуваниот период.

Како клучни се покажале соевите на бактериите Lactobacillus acidophilus и Bifidobacterium.

Научниците објаснуваат дека пробиотиците можат да влијаат врз концентрацијата на цревните бактерии и со тоа да ја намалат апсорпцијата на мастите во организмот.

Здравје и рамнотежа!

Јогурт се произведува од млеко. Придобивките за Вашето здравје од консумирање јогуртот се толку импресивни што многу луѓе кои се грижат за своето здравје го практикуваат неговото консумирање како секојдневна навика. Ова се само дел од добрите причини за да консумирате јогурт секој ден.

Сите добри животински протеини и останати хранливи состојки како калциум, калиум, магнезиум и витамини Б-2 и Б-12 се содржат во јогуртот.

Јогуртот со активни култури може да помогне во ублажување на одредени гастроинтестинални состојби, вклучувајќи: интолеранција на лактоза, запек, дијареа, инфекција предизвикана од Хеликобактер пилори, имонолошка отпорност.

Некои студии покажуваат дека консумирањето на јогурт ќе ве натера да се чувствувате подолго време сити, отколку да испиете чаша млеко.

Copyright 2018. Сите права се задржани - Млекара Здравје Радово